| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кисела Вода доделени нови 52 решенија за легализација

biljana_belicanec

Градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец–Алексиќ, додели нови 52 решенија за легализација на бесправно изградените објекти, со што вкупниот број легализирани објекти се искачи на 2.393.

– Во согласност со новите законски измени, кои Владата ги донесе по направените анализи и консултации, за да им излезе во пресрет на што поголем број граѓани кои сакаат да стекнат легална сопственост на своите објекти, крајниот рок за доставување на елаборатот е одложен до 31.12.2015. Сепак, апелираме да не се чека до последен момент за да се докомплетира документацијата. Заокружувањето на процесот на легализацијата е во заеднички интерес. Граѓаните ќе станат сопственици на нивните имоти, а општината ќе може да донесе нови детални урбанистички планови, во кои ќе бидат впишани и новолегализираните објекти, што значи дека и на граѓаните и на бизнис-заедницата им даваме шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постојните – истакна Беличанец-Алексиќ.

Таа упати апел до сите жители на општината да не го злоупотребуваат процесот на легализација и да градат нелегално во овој вакуум-простор бидејќи ќе се соочат со Општинската градежна инспекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top