Пратеничката Ермира Мехмети во авторски текст, под наслов „Ви благодарам“, пишува дека објавените лаги за наводна врска со македонски министер се искористени од албанската опозиција, која на тој начин сака да освои политички поени.
Пишувајќи дека веста е објавена додека таа била претставник на Албанците од Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Мехмети вели дека авторот на текстот во кој се споменува таа како дел од врска со македонски министер јавно ѝ се извинил и признал дека тој ја измислил веста, но нападите против неа од активисти на соперничката партија не запреле.
Во својот став Ермира Мехмети вели дека поради објавените лаги од страна на активисти на опозицијата на нејзиниот официјален профил на „Фејсбук“ била навредувана и понижувана притоа чудејќи се колку албанската жена може да навредува и да користи навредливи зборови и пцости, дури повеќе од мажите.
Мехмети во своето обраќање објавено во весникот „Коха“ ѝ порачува на албанската опозиција дека еден ден и нивните мајки, сестри и ќерки може да се најдат во слична ситуација.
– Мизерни се и новинарите што ги објавиле лагите, но и нивните ментори кои на тој начин сакаат да профитираат политички – вели Мехмети која на крајот им се заблагодарува на сите што ја поддржувале и ја поддржуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ДУИ не се подготвени: Не е време за предвремени избори
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО
-
ДУИ бара да се казнат виновниците за смртта на Саздовски
-
Османи го информираше ДУИ за договорот, партијата со целосна поддршка на Владата во преговорите за името


