| четврток, 6 декември 2018 |

Бред Пит и Анџелина се селат во Африка

Светските медиуми пренесуваат дека популарната холивудска двојка ќе се пресели во Јоханесбург бидејќи Бред Пит снимал филм во тие краеви.

Бред и Анџелина се родители на шест деца, па затоа решиле да изнајмат куќа во предградието во Јоханесбург за 7.600 долари месечно.

Причина за нивното привремено напуштање на САД е ангажманот на Бред во кој учествува и неговиот добар пријател Џорџ Клуни.

Засега сѐ уште е непознато кога популарната двојка ќе се пресели во Јужна Африка, која стана популарна дестинација на холивудските режисери бидејќи снимањето е евтино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top