| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанец паднал од тераса местејќи антена – се бори за живот

antena

36-годишниот охриѓанец М.М. се бори за живот откако вчера околу 21.40 часот паднал од вториот кат од зграда на улицата „Сатеска“ во Охрид.

Според досегашните информации, охриѓанецот паднал додека ја поправал телевизиската антена. Тој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, од каде, што поради сериозните повреди бил пренесен на скопските клиники.

М.М. се наоѓа во животна опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top