„Пред дождот“, филмот на македонскиот режисер Милчо Манчевски за кој освои награда „Златен лав“ во Кан, е вброен меѓу 100-те најдобри филма за миграцијата како глобален феномен.
Давид Фелипе Аранз, филолог и новинар, е автор на новата книга „Најдобрите 100 филма за миграција“, која, всушност, е селекција на филмови низ кои авторот го разгледува прикажувањето и толкувањето на миграцијата на големите екрани, соопшти „Банана филм“.
Според Аранз, филмовите кои ги вбројува се претстави на реалните процеси на миграција, како клучен фактор на промена и влијание на секојдневниот начин на живот, но и на пошироки глобални процеси. Оттаму произлегува и важноста на филмовите, клучни во анализирање на миграцијата во историски континуитет.
Книгата беше промовирана на 27 јануари во „Каса де Америка“ во Мадрид. Авторот ќе го презентира своето дело преку петте најрепрезентативни филмови од неговата антологија: „Имигрант“ на Чарли Чаплин, „Америка, Америка“ од Елиа Казан, „Ос Бандериантес“ од Марсел Ками, „Изгорената кожа“ од Јозеп Мариа Форн и „Пред дождот“ на Манчевски.
„Пред дождот“ е најуспешен македонски филм, добитник на 30 меѓународни награди, меѓу кои и „Златен лав“ за најдобар филм на Венецискиот филмски фестивал во 1994 година и номинација за „Оскар“ во 1995. Тој, исто така, од „Њујорк тајмс“ беше вброен меѓу илјада најдобри филмови на сите времиња, а беше прогласен за филм на годината во Шведска, Аргнетина, Турција и во Италија. Покрај бројните фестивали и награди, „Пред дождот“ е еден од ретките македонски филма што се прикажани во киносалите и на телевизиите низ светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура