| четврток, 6 декември 2018 |

На местото на старата, нова разголена советничка во српското министерство (ФОТО)

Поминаа само три месеци од скандалот во Министерството за надворешни работи во Србија кога, поради притисок од јавноста, советничката Вања Хаџовиќ даде отказ од своето работно место.

Имено, поради разголените фотографии кои 24-годишната советничка сама ги постави на својот профил на „Фејсбук“, медиумите се нафрлија врз Хаџовиќ и на министерот Иван Мркиќ.

Сега, Министерството се соочува со истиот проблем.

На местото на Хаџовиќ, како помлад советник во прес-службата е вработена Марија Грујиќ, чии разголени фотографии красат многу машки списанија.

430170_aaackm-foto-milovan-knezevic-3_f

Марија Грујиќ

Таа исто како и својата претходничка завршила на „Мегатренд“, приватен универзитет кој е главна цел на шеги во Србија.

– Едноставно се појави, без конкурс, не знаеме ни по кој закон е примена – велат извори од Министеството за „Блиц“, весникот кој прв ги откри голите готографии на бившата и на сегашната советничка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top