Хубертус вон Хохенлохе, 55-годишен Мексиканец, ќе ја претставува својата земја на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Сочи, кои почнуваат в петок, на 7 февруари. Мексиканецот ќе се натпреварува во алпско скијање.
Освен што е длабоко навлезен во шестата деценија од животот, би се рекло дека кај овој олимпиец нема ништо друго интересно. Но, тој е еден од најинтересните учесници на годинешните Игри.
Тој е потомок на германско кралско семејство, поп-пејач кој објавил неколку албуми, фотограф кој има зад себе десетина изложби низ САД и многу успешен бизнисмен.
За него, Игрите во Сочи ќе бидат шести во скијачката кариера и на тој начин тој ќе се израмни со Марк Бушел, претставникот на Лихтенштајн, кој, исто така, шест пати учестувал на ЗОИ во алпско скијање.
Дебитирал на ЗОИ во Сараево во 1984 година, а потоа настапи на уште три игри. Потоа направи 16-годишна пауза во скијачката кариера за да се врати на скијачките терени во Ванкувер, на Игрите во 2010 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.