Украинската опозиција е подготвена да состави влада и да ја преземе целата одговорност за ситуацијата во земјата, оцени лидерот на „Татковина“, Арсениј Јацењук. Тој вели дека опозицијата е подготвена да состави влада во која народот ќе има доверба и со која ќе работат западните партнери. Тој ја исклучи можноста за влада на опозицијата и владејачката Партија на регионите. Според него, опозицијата сама ќе состави влада и ќе сноси одговорност.
Јацењук рече дека ако дојде до формирање таков кабинет, приоритетни реформи ќе бидат демонополизација на економијата, како и реформирање на енергетика за да се намали зависноста од увозни енергетски извори. Опозицијата ветува и справување со огромната корупција и да изврши даночна и банкарска реформа. Според Јацењук, ќе има реформа во судскиот систем и безбедносните органи.
Лидерот на „Татковина“, исто така, истакна дека за поддршка на реформите ќе се смета на кредити од ММФ, Светска банка, макрофинансиска помош од ЕУ, како и на партнери од Европа и од САД. Јацењук рекол дека опозицијата во Врховната рада ќе го постави прашањето да се врати Уставот од 2004 на првиот ден од новата сесија на Парламентот, кога дел од најважните надлежности на претседателот беа префрлени на Парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.