| четврток, 6 декември 2018 |

Исландскиот премиер се жали на голем проблем – имале 4 отсто невработеност

gunlaugson

Одлуките што граѓаните на Исланд ги донеле пред половина деценија, кога во 2008 година одлучија да не ги спасуваат пропаднатите банки, се покажаа паметни и денес. Како што пишува Блумберг, оваа држава може да успее да ја намали невработеноста на два отсто. Додека земјите на ЕУ се борат со високата невработеност, која во Грција и Шпанија надминува 25 отсто, на Исланд само 4 отсто од граќаните немаат работа. Премиерот Сигмундур Д.Гунлаугсон смета дека овој провент е превисок.

“Политичарите секогаш имаат за што да се грижат. Нисе сакаме да видиме пад на невработеноста од сегашните 4 на два отсто, што може да им звучи чудно на другите западни земји, но ние Исланѓаните не сме навикнати на невработеност“, истакнал 38 годишниот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top