Нотарите и катастарот на недвижности во Скопје од денеска почнуваат со електронско работење. Нотарите барањата до катастарот ќе ги доставуваат по електронски пат со електронски потписи и со привремен жиг.
– Сите нотари документите што ги работат со сите договори, хипотеки и друго ќе бидат должни по електронски пат да ги доставуваат до Агенцијата за катастар на недвижности – рече на прес-конференција директорот на Агенцијата, Славче Трпески.
Документите ќе бидат лесно проверливи, ќе се зголеми одговорноста на нотарите, а со тоа и нивната сигурност.
Од Нотарската комора тврдат секое постапување ќе биде лесно проверливо, а одговорноста за правната сигурност ќе биде на нотарите.
Во Скопје има 64 нотари и сите се подготвени за електронско работење. За 90 дена се очекува да се вклучат сите нотари во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.