Премиерот на Полска, Доналд Туск на состанокот со лидерите на ЕУ ги предупреди своите колеги дека можно е да дојде до заострување на судирите во Украина после завршувањето на Олимпијадата во Сочи на 23 февруари.
-Русија би можела да се замеша во ситуацијата во Украина после Олимпијадата во Сочи. Варшава се плаши од масовен прилив на бегалци од Украина во случај да дојде до заострување на судирите- вели Туск.
Туск исто така ги предупреди лидерите на ЕУ дека би можело да дојде до прекин на испораката на гас во ЕУ доколку во Украина на власт дојде опозицијата, бидејќи Русија би можела „да ја затвори славината“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


