| четврток, 6 декември 2018 |

Умрел од тага по саканиот брат

90372468252ee7bc9123de152195664_orig

Браќата Ерик (30) и Едвин (31) Купанг од Минесота до пред еден месец живееле мирен и среќен живот со своите семејства. Во почетокот на јануари Ерик ненадејно починал на пат до работа, пишува „Дејли мејл“. Бил татко на двемесечно бебе.

– Го изгубив најдобриот пријател, брат, личноста која ја сакав и срцето ми е скршено. Ерик, поздрави ја баба и сите други таму горе, ме убива колку многу ми недостигаш – напишал на фејсбук Едвин.

Една недела по првата порака и еден ден по погребот на својот брат, починал Едвин. Сопругата Кили го пронашла мртов во фотелјата во која вечерта заспал. Аутопсијата покажала дека тој имал зголемено срце, состојба за која не знаел и која е причина за неговата смрт. Можеби, срцето на Едвин едноставно пукнало од тага.

– Само мојата ќерка Бела може да ме насмее во овие најтешки денови во мојот живот – напишал Едвин неколку дена пред смртта.

Нивните пријатели го создадоа фонд кој има за цал да им помогне финансиски на жените кои останале сами со деца, без партнер. Пријателите и семејството веќе собрале 5.000 долари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top