| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу: Меѓународната заедница потфрли во Сирија, како и во Босна и во Руанда

SECURITY CONFERENCEМеѓународната заедница не успеа да стави крај на крвопролевањето во Сирија, поради што еден ден некој генерален секретар на ОН ќе мора да бара извинување, изјави во Минхен турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.

– Меѓународнот систем не успеа (во Сирија), исто како што не успеа во Босна и како што не успеа во Руанда – рече Давутоглу, кој во Минхен учествуваше на Меѓународната конференција за бебзедност.

Според Давутоглу, како што Светската организација се извини поради ненавремената реакција во Босна и Херцеговина, така „еден ден некој друг генерален секретар на ОН ќе отиде во Хомс и во Јурмук и ќе се извини“.

Градот Хомс и палестинскиот бегалски камп Јурмук во јужниот дел на Дамаск, кои се под опсада на сириските владини сили, се најтешко погодени од конфликтот во Сирија и се соочуваат со хуманитарна криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top