| четврток, 6 декември 2018 |

Спречен атентат врз Џорџ Буш- Сакал да го убие за да ја ожени Барбара Буш

b bushПолицијата во Њујорк го уапси Бенџамин Смит кој, како јавува СиЕнЕн, се подготвувал за атентат на поранешниот американски претседател Џорџ Буш. Тој носел мачета пушка и и кутија со куршуми. При апсењето викал на цел глас дека сакал да дојде до Буш, бидејќи како се дознава, сакал да го убие и да ја ожени неговата 32 годишна ќерка Барбара. како што е познато, Буш има две ќерки близначки, Барбара и Џени.

Безбедносните сллужби успеале да дознаат за заљубениот атентатор благодарејќи на неговата мајка која го пријавила откако во неговата соба ги нашла заканувачката порака.

„Морам да го убијам аждерот и тогаш Барбара Буш ќе е моја. Со Америка е готово. И со Обама и со останатите“, напишал тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top