Над 50 илјади демонстранти од украинската опозиција се собрааво центарот на Киев, окупиран од демонстрантите од почетокот на најтешката криза во историјата на независна Украина. Главните водачи Виталиј Кличко и Арсениј Јацењук беа поздравени по нивното враќање од Минхен, каде имаа повеќе средби со европски и американски функционери.
Јацењук вчера соопшти дека на средбата со американскиот државен секретар Џон Кери договориле конкретен план, со кој се предвидува да биде запрено насилството, ослободени сите притворени и да бидат истражени сите “киднапирања и убиства на Украинци“.
– Затоа ние го прифативме предлогот на генералниот секретар на Советот на Европа Турборн Јагланд за формирање независна комисија со учество на опозицијата, власта и претставник на Советот на Европа. Четврта точка е уставна реформа и брзо враќање кон парламентарно-претседателска република, како и економски пакет, потенцираше Арсениј Јацењук.
– Разговаравме за многу сериозен економски пакет со нашите западни партнери, кој може да биде предложен само на нова украинска влада, ако украинската опозиција по реформата ја добие целата власт, рече Јацењук. Според него, таквата помош ќе биде доставена од ММФ, ЕУ и други меѓународни институции.
Освен тоа, тој соопшти дека за „сите заложници“, односно уапсените демонстранти во нередите, има дополнителен предлог да се формира комисија со учество на претставници на ОН, доколку се согласи украинската власт.
Следната недела се очекува во Киев да пристигне делегација од ЕУ и САД, составена од високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Кетрин Ештон, еврокомесарот за проширување Штефан Филе, заменик-джравниот секретар на САД Викторија Нуланд и повеќе министри за надворешни работи од ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Дојави за бомби во Киев: Затворени пет метро-станици
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Хаос во Киев: Демонстрантите се судриле со полицијата, уапсени 100 луѓе, најмалку 10 повредени