20-тина маскирани хулигани нападнале учесници на Меѓународниот филмски геј фестивал „Мерлинка“, што се одржува во Сараево. ПОвредени биле најмалку тројца. Белградскиот весник „Блиц“, инцидентот се случил во киното „Критерион“, кога маскраните лица упаднале на трибина посветена на филмовите со хомосексуална тематика.
Еден од учесниците на трибината изјави дека нападот бил уште претходно најавен на социјалната мрежа Фејсбук со повик за „линч“, поради што организаторите ја повикале полицијата да го обезбедува собирот, но таа не реагирала на повикот.
Мониторинг мисијата на ЕУ и Амбасадата на САД остро го осудија нападот, повикувајќи ги властите да ги пронајдат и казнат напаѓачите.
Евромисиајата оцени дека Босна и Хервеговина како држава е должна да ги штити човековите права на хомосексуалците, да ја спречи нивната дискриминиција и да гарантира нивна целосна заштита, додека американската Амбасада нагласи дека во едно современо општество нема место за омраза и нетолеранција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.