| четврток, 6 декември 2018 |

Додека местел антена, паднал од балкон и е во животна опасност

brza-pomos-500x272

Охриѓанецот синоќа околу 21,40 часот паднал од балконот на својот дом, на втори кат, додека ја поправал телевизиската антена. Во охридската болница „Св. Еразмо“ му се констатирани тешки телесни повреди, но токму поради сериозноста на повредите, тој итно бил префрлен на скопските клиники и е во животна опасност.

Несреќата се случила на улицата „Сатеска“, кога мажот паднал на земјена површина која делумно го ублажила ударот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top