| четврток, 6 декември 2018 |

Криумчареле мигранти за четири илјади евра

novi-obvineti-za-kriumcharenje-migranti-138323

Двајца гевгеличани заработија кривична пријава поради криумчарење на мигранти.

Според податоците од полицијата, од страна на Единицата за борба против криминал во скопската населба Автокоманда биле сопрени три возила марка “БМВ“ со гевгелиски регистарски таблички управувано од А.Ш (28)., потоа автомобил марка “пасат фолксваген“ со велешки регистарски таблички управувано од Р.Б. (33) и „опел омега“ исто така со гевгелиски регистарски таблички управувано од трето лице при што во возилата „пасат фолксваген“ и „опел омега“  биле пронајдени 10 лица илегални мигранти од Сирија.

Лицата мигранти ги качиле во с.Богородица во двете посочени возила, а возилото “БМВ“ било претходница  и истите се упатиле по автопатот Гевгелија – Скопје. Патувајќи кон Скопје требало да застанат во с.Катланово каде А.Ш. од двете возила во кои биле мигрантите земал 4.000 евра.

Откако пристигнале во Скопје поточно во населба Автокоманда, А.Ш. и Р.Б. биле сопрени и приведени, додека третото лице кое управувало со “опел омега“ успеало да побегне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top