Каталонскиот гигант Барселона спрема огромни пари како би го довеле во своите редови фантастичниот играч за врска Давид Силва од редовите на Манчестер Сити.
Барса размисува за иднината, веќе го доведоа голманот Тер Штеген кој по завршувањето на оваа сезона треба да го замени Виктор Валдез на голот. Со доведувањето на Силва тие треба да го подмладат составот и повторно да се вратат на старите патеки.
Силва игра една од подбрите сезони во „премиер лигата“ и многу тешко е да се очекува дека Сити лесно ќе се откаже од својот најдобар играч. Силва треба да биде замена за 34 годишниот капитен на „каталонците“ шпанскиот репрезентативец Чави.
Давид Силва кариерата ја започна во Валенсија и со овој трансфер би се вратил повторно во шпанското првенство.
Барселона и Манчестер Сити го играат дерби дуелот во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


