| четврток, 6 декември 2018 |

Дебелеењето се одредува уште на пет години

624-400-debeli-deca-televiziia-hrana-preiazhdane

Дебелината кај децата во САД најчесто се појавува уште  во рана возраст, а истражувањата покажале дека оние деца кои имале вишок килограми на 14 години, со овој проблем се соочиле уште на пет години.

Според истражувањето, биле анализирани податоците за децата во градинка од 1998. и 1999. година.

– До сега, малку се знаеше кога децата ќе станат дебели. Голем дел од ризикот од прекумерна телесна тежина се чини дека е многу рано во животот – објаснува Солве Канингем, асистент на Факултетот за јавно здравство на Универзитетот Емори.

Истражувањето покажува дека според  индексот на телесна маса , 12,4 проценти од американските деца тргнуваат во градинка дебели а 15 отсто со прекумерна тежина. Од осмо одделение, 21 проценти од нив се дебели , а 17 отсто се со прекумерна тежина .

Речиси половина од децата кои се со прекумерна тежина или се дебели, станале дебели тинејџери.

Најголемата промена во однос на растот на тежината се јавува помеѓу шест и осум години, и многу малку промени има помеѓу 11 и 14 години. Дебелината е најретка кај  семејства со високи приходи, а најзастапена кај сиромашните.

Во сите групи на деца, без оглед на расата или социо- економски статус, дебелината е најчеста кај оние кои се родени со повеќе од 4 килограми. Околу 36 проценти од децата кои се со прекумерна тежина пред 14 година имале повеќе од  4 килограми  при раѓањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top