| четврток, 6 декември 2018 |

Мајами со прва победа во Њујорк, Сан Антонио ја прекина серијата од три порази

Синоќа во НБА лигата се одиграа 12 натпревари. Шампионот Мајами дури во четвртиот натпревар оваа сеозна на гостувањата во Њујорк успеа да дојде до победа. До сега има два пораза од Бруклин и еден од нивниот вчерашен противник тимот на Њујорк. Единствен гостински триумф беше токму тој на Мајами. Во сите останите победија домаќините.
Леброн Џејмс и соиграчите ја прекинаа серијата на Њујорк од четири победи во низа. „Кралот“ одигра одличен натпревар постугнивајќи 20 поени осум скока и седум асистенции. Двејн Вејд додаде 22 коша во победата. Кај поразените најефикасен беше Кармело Ентони со 26 поени. Мајами останува на втората позиција во источната конференција веднаш зад Индијана.
Индијана во возбудлива завршница дојде до значајна победа над Бруклин кој по јануарската одлична серија влезе во криза и нанижа три порази по ред. Вест беше стрелец на 17 поени, додека кај Бруклин се истакна Ливингстон со 24 коша. Индијана сериозно размислува за титулата во оваа сезона бидејќи успеа од Кливленд да го донесе Ендру Бајнам кој важи за еден од најдобрите центри во лигата.
Оклахома конечно поразена. По десет последователни победи Кевун Дурент и другарите беа поразени во Вашингтон. Лошиот процент на шут за три поени го реши победникот. Дурент и покрај тоа што постигна 26 поени ги промаши сите шест шута за три поени.
Сан Антонио губеше во текот на целиот натпревар. На крајот на третиот дел негативата изнесуваше 10 поени. Сепак серијата од три порази беше прекината со ангажирана игра во последниот дел кога ветеранот Тим Данкан успеа да стигне до дабл-дабл ефект од 23 поени и 17 скокови.
Атланта со фуриозна игра во текот на сите 48 минути успеа да дојде до победа над Минесота постугнувајќи дури 120 поени. Најзабележителни беа Корвер со 23 поени и Милсап кој додаде 20. За Атланта не настапи македонскиот репрезентативец Перо Антиќ кој сеуште ја лечи повредата на скочниот зглоб. Тимот на Антиќ се наоѓа на третата позиција во источната конференција веднаш зад Индијана и Мајами.

Резултати:
Индијана – Бруклин 97-96, Вашингтон – Оклахома 96-81, Атланта – Минесота 120-113, Детроит – Филаделфија 112-96, Њу Орлеанс – Чикаго 88-79, Мемфис – Милвоки 99-90, Хјустон – Кливленд 106-92, Сан Антонио – Сакраменто 95-93, Њујорк – Мајами 91-106, Феникс – Шарлот 105-95, Портланд – Торонто 106-103, ЛА клиперс – Јута 102-87.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top