
Откупот на тутунот во Македонија, како и неговите производи ќе може да се прави и за време на викендите. Ова со цел да се интензивира откупот на тутунот, согласно разговорите кои во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Досега се откупени околу 18 милиони килограми, а со оваа мерка се очекува интензивирање и порано завршување на откупот.
Станува збор за барање од страна на тутунопроизводителите, кое преку Министерството за земјоделство беше препорачано на откупувачите и беше прифатено.
Од Тутунскиот комбинат Прилеп информираа дека ќе ја почитуваат препораката на Министерството и денеска на сите откупни пунктови ќе се реализира откуп на тутун и тоа темпо ќе продолжи и во наредните денови. И останатите компании прифатија да вршат откуп за време на викендите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


