| четврток, 6 декември 2018 |

„Златна зора“ ќе стане национална Зора, ако ја забранат

zlatna-zora

Ако во Грција ја забранат партијата „Златна зора“, која е екстремно десничарка партија, таа ќе се вика Национална зора, најави пратеникот и портпарол на оваа партија Илијас Касидијарис.

– Патриотите ќе имаат партија за која ќе гласаат на следните избори, изјави Касидијарис пред околу 3.000 приврзаници, на комеморација во центарот на Атина по повод инцидентот од 1996 година, при кој загинаа тројца грчки поморски офицери и кој Турција и Грција ги доведе на работ на војна.

Касидијарис, кој ќе се кандидира и за градоначалник на Атина, го најави преименувањето на партијата доколку и биде оневозможено да учествува на евроизборите. – Грчките националисти, кои не се вмешани во криминални организации, кои немаат криминални досиеја, создадоа нова патриотска партија, Национална зора, истакна пратеникот.

После овој собир, десничарите мирно се разотишле, но учесниците на левичарскиот контра собир на плоштадот Синтагма во Атина нападнале еден човек кој носел грчко знаме и полесно го повредиле. Полицијата на тоа реагираше со шок бомби и солзавец за да се растера левичарскиот собир, доаѓајќи притоа и до тунелите на подземните железници. Демонстрантите потоа почнале да ги палат контејнерите за отпад.

Приведени се шест лица, од кои еден е задржан во притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top