
Целосното будење на легендата на формула 1 Михаел Шумахер од вештачката кома може да трае со недели или месеци велат стручњаците.
Уште нема гаранции дека Шумахер целосно ќе заздрави од несреќата во Франција која ја доживеа на 29 декември минатата година.
Лекарите постепено го намалуваат анестетикот и ги прошируваат тестовите на неговите рефлекси, за да утврдат дека нервите кои водат до мозкот и назад до мускулите функционираат, пренесува „Дејли Мејл“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


