| четврток, 6 декември 2018 |

Катастарот и нотарите почнуваат со електронско работење

катастар

Од 3 февруари, понеделник, нотарите и Катастарот на недвижности во Скопје почнуваат со електронско работење. Нотарите барањата до Катастарот ќе ги доставуваат по електронски пати, со електронски потписи и времен жиг. Сите нотари сите свои документи што ги работат со сите договори, хипотеки итн. по електронски пат ќе бидат должни да ги доставуваат до Агенцијата за катастар на недвижности.

Документите ќе бидат лесно проверливи, ќе се зголеми одговорноста на нотарите, а со тоа и сигурноста на издадените документи.
Од Нотарската комора тврдат секое постапување ќе биде лесно проверливо, а одговорноста за правната сигурност ќе биде на нотарите.
Во Скопје има 64 нотари и сите се подготвени за електронско работење. За 90 дена се очекува да се вклучат сите нотари во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top