Најмалку 14 лица загинаа при ерупција на лава и запаллив гас од вулкан на индонезискиот остров Суматра, јави ДПА. Не е исклучена можноста за повеќе жртви.
Вулканот Синабунг се активираше во септември, поради што над 30.000 лица беа принудени да ги напуштат своите домови.
Денешната ерупција се случува само еден ден откако Националната агенција за вонредни ситуации соопшти дека жителите на реонот кои живеат на повеќе од пет километри од вулканот, можат да се врат во своите домови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.