Синоќа околу 20.30 часот избувнал пожар во бараката во сопственост на Д.Т.(1958) на улицата „Варшавска“ во Скопје.
Во пожарот опожарена била целата барака, а истиот е изгаснат од скопската противожарна единица.
При гасење на пожарот, со повреда на ’рбетот откако паднал се здобил пожарникарот Ѓ.Ѓ.(1968) од Скопје, кој е пренесен и задржан во Ургентниот центар во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.