Дваесет и осум годишен жител на Пчиња бил избоден со нож на градилиште во Куманово. Според истиот извор, инцидентот се случил на 16 декември минатата година на ул. „Гоце Делчев” во Куманово во објект во изградба, кога 28 годишниот Т.Р.(28) од Куманово без посебна причина започнал вербална кавга со Д.З. од селото Пчиња. Во еден момент, Т.Р. извадил нож и со него му нанел убодна рана на Д.З. во пределот на слабината. Полицијата му поднесе кривична пријава на насилникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.