| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Поповски до Лавров: Русија безрезервно ја поддржа независноста на Република Македонија

Mинистерот за надворешни работи Никола Поповски и неговиот руски колега Сергеј Лавров размениле писма по повод одбележувањето на 20 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација.

-Ценам дека 31 јануари 1994 година е датум кој е трајно врежан во историјата на односите меѓу двете држави, бидејќи на тој ден, во еден исклучително сложен период низ кои минуваше нашата земја, Русија безрезервно ја поддржа независноста на Република Македонија, и тоа под нејзиното уставно име, посочил министерот Попоски во дел од писмото.

-Од првите денови на постоење на самостојна и независна Македонија, меѓу нашите две земји се одвива динамичен политички дијалог во функција на континуирано унапредување на сестраната руско-македонска соработка. Русија и Македонија ги врзува сличноста на ставовите во однос на клучните прашања на глобалната, европската и регионалната агенда кои се базираат на темелните принципи на меѓународнoто право, истакнал Лавров во писмото адресирано до Попоски.

-Пријателските односи постојано треба да се надополнуваат и надградуваат и токму затоа поаѓајќи од политиката на двете Влади за отвореност, уверен сум дека македонско-руските односи ќе се движат само по нагорна линија, со градење на политика на отворени граници и развивање на меѓусебна поврзаност, додал Попоски во писмото до шефот на руската дипломатија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top