| четврток, 6 декември 2018 |

Шумахер добро реагира на будењето: ги отворил очите!

Болницата каде се наоѓа Михаил Шумахер, велат дека отварањето на очите е многу добар знак, објави „Прес 24“. Лекарите од болницата велат дека седумкратниот шампион во Формула 1 добро реагирал на будењето од вештачката кома вештачката кома во која е веќе еден месец. Лекарите му ја намалиле дозата на седативи кои ги прима, но најдобриот знак е токму отварањето на очите, иако траело многу кратко.

Тие засега не сакаат да даваат никакви прогнози за состојбата на легендарниот возач иако засега позитивно реагира на сите тестирања.

Ако пациентот се разбуди, лекарите ќе ги испитаат неговите рефлекси, а потоа ќе можат да даваат прогнози, велат од болницата.

За потсетување, Шумахер веќе еден месец е во кома откако доживеа несреќа за време на скијањето на француските Алпи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top