Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја назначи Вера Арсова за прв регионален претставник на ОМД за Њујорк.
-Њујорк е седиште на голема македонска заедница, и ние сме среќни што Вера се приклучи на тимот на ОМД за да ги поттикне Македонците во Њујорк да се приклучат во движењето на ОМД, изјави членот на управниот одбор на ОМД и директор за САД, Трајко Папучкоски.
-Убедена сум дека со поддршка од страна на неверојатниот тим на ОМД и моите напори во Њујорк, ние ќе направиме историски промени за ОМД и Република Македонија, рече Арсова.
Вера Арсова е родена во Штип (Македонија). По завршувањето на средното училиште, таа се преселила во Скопје како студент на универзитетот Св. Кирил и Методиј, на отсекот по компјутерски науки. Покрај редовните студии на универзитетот, Арсова на 17 години станала најмладиот член на македонската женска кошаркарска репрезнтација на Република Македонија. Како една од најинтелигентните млади кошаркарски ѕвезди, Арсова ја добила престижната спортска стипендија на универзитетот Мајами во Корал Гејблс во Флорида. Арсова е прва Македонка на која и е доделена стипендија од ваков вид.
Арсова магистрирала со академски и спортски почести на отсекот по криптографија и мрежна сигурност, и ја започнала својата професионална кариера во компанијата “Куест Комуникејшн.”
Таа денеска има десет годишно искуство во сферата на финансиски телекомуникации и осигурување, а има работено и за светски познатите компании “Беркли” и “АТ&Т.” Веќе пет години Арсова живее во Њујорк и е активно вклучена во активностите на македонската заедница. Арсова често присуствува на културни и професионални настани во Њујорк.
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е водечка меѓународна невладина организација и ги преставува интересите на македонскиот народ и македонските заедници ширум светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски куратори од Македонија за изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Њујорк
-
Испратил електорнска порака и потоа се самозапали во Њујорк
-
За една недела нова рунда разговори за името во Њујорк



