Ниту една од телевизиите кои емитуваат македонска музика не ги испочитувала новите законски норми – покажал надзорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги направен од 13 до 19 јануари.
Мислењата на дел од членовите на агенцијата се поделени, за едни законските одредби се престроги за други пак законот е јасен и мора да се почитува.
Сепак, засега Агенцијата нема да казнува. Сите национални телевизии кои емитуваат македонска музика добија само писмена опомена. Но, доколку следниот мониторинг покаже дека не ги почитувале обврските да емитуваат осум часа неделно македонска музика, ќе добијат и казни кои се движат и до 20 илјади евра за медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.