| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена строго чувана тајна за Сочи: Олимпискиот оган ќе го запали љубовницата на Путин

Руските медиуми ја објавија веста дека олимпискиот оган на 7 феврури во Сочи, со кој ќе се означи очетокот на Зимските олимписки игри ќе го запали гимнастичарката Алина Кабаева. Оваа руска убавица не е позната само по спортската кариера, туку  веќе неколку години дел од руските медиуми за неа пишуваат дека е љубовница на претседателот на Русија, Владимир Путин.

Палењето на олимпискиот оган е строго чувана тајна, но ТВ-новинарката Ксенија Собочак на својот твитер-профил објави дека има информации од организацискиот комитет и домаќинот, дека токму Кабаева ќе биде таа што ќе го запали огнот на стадионот „Фишт“ на официјалната церемија на отварањето на 22-тите Зимски Олимписки Игри.

Меѓу другото, Кабаева  е пратеник од партијата на Путин, „Една Русија“. За неа руските медиуми шпакулираа дека  Путин се развел од својата сопруга Људмила по 30-годишен брак поради преубавата Алина и дека во 2008 година родила момче, а пред две години и девојче од врската со Путин.

Според експертите, олимпијадата во Сочи е најскапата досега и за неа се потрошени 50 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top