Дружината „Суперхикс“, подмладена, проширена и надградена, годинава ја почнува активно, и тоа подготвувајќи го новиот видеоспот за песната „Безгрешен“. Групата деновиве во просториите на кумановскиот театар го заврши снимањето, а видеото во моментов е во постпродукција. Промоцијата ќе биде наскоро.
Пред официјалната промоција, дел од атмосферата зад сцената со Хикси и сетот за „Безгрешен“,се прикажани во трејлерот за новиот спот.
Песната „Безгрешен“ е дел од „Африка“, последниот албум на „Суперхикс“, а по видеоспотот за синглот „Скок“ кој групата го објави минатата година, спотовите за најавната песна „Африка“ и песната „На лута рана“, „Безгрешен“ е четвртата од овој албум која добива свој видеозапис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.