| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовницата на Оланд номинирана за филмската награда „Цезар“

жили гаје

Актерката Жили Гаје, која е љубовница на францускиот претседател Франсоа Оланд, е номинирана за филмската награда „Цезар“, за улогата секси-заводничка во филмот „Kе д’Орсеј“. Филмот говори за животот на францускиот министер за надворешни работи и Гаје игра советничка на министерот, која носи мини-здолниште и бесрамно ја користи својата заводливост за да го добие тоа што го сака.
Љубовната врска на Гаје и Оланд беше обелоденета во почетокот на месецов и поради неа, францускиот претседател ја прекина долгогодишната заедница со невенчаната сопруга Валери Трирвеле.
Засега не се знае дали Оланд (59) и натаму е во врска со Гаје, која играла во повеќе од 70 филма и е активистка на владејачката Социјалистичка партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top