| четврток, 6 декември 2018 |

Тасев за „Република“: 500 евра за секој стар ерген во Свети Николе што ќе се реши за брак

zoran tasev Советот на Општина Св. Николе донел одлука годинава да се стимулираат старите ергени, кои имаат повеќе од 40 години со 500 евра за секое стапување во брак. Градоначалникот на Општина Св. Николе, Зоран Тасев, за „Република“ изјави дека со оваа одлука им нудат солуција на старите ергени и смета дека позитивно ќе влијае врз нивната одлука да стапат во брак и со тоа да се зголеми процентот на новороденчиња во Св. Николе. Тасев истакна дека иницијативата за ваквата одлука произлегла од неговите посети во месните заедници каде што имало минимум по десет стари ергени над 40 години и смета дека оваа бројка негативно влијае врз наталитетот во општината.

Од некаде мора да се почне. Секој од тие десет ергени да стапи во брак и да има по едно дете, веднаш стануваат десет деца. Десет деца – една паралелка – вели Тасев за „Република“, нагласувајќи дека бројот на паралелки во училиштата постојано се намалува.

Тој нема податок колкумина жители на оваа општина што се влезени во петтата деценија не стапиле во брак. Според податоците од Државниот завод за статистика, во 2012 година се родиле 157 деца во оваа општина, а во 2011 година 150 деца. Во 2012 година, пак, биле склучени 101 брачна заедница, што е во пораст споредено со 201 година, кога биле склучени 92 брачни заедници, но е помалку од 2010 година кога на лудиот камен застанале 118 брачни двојки. Во 2009 година во оваа општина биле склучени 92 брака.

Разговараше: Јана Јосифоска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top