| четврток, 6 декември 2018 |

Во вторник уште пожешко издание на Емина (ФОТО)

Ако мислевте дека црниот фустан, кој толку добро го оцрта нејзиното деколте, беше смел, почекајте ги следните изданија на „Икс-фактор“. Вака од тимот на Емина Јаховиќ го најавуваат следното појавување на пејачката во шоуто.

– Ми годи кога луѓето ми велат дека изгледам убаво – вели и самата Емина.

emina 1

Првата емисија во живо

Од нејзиниот тим за „Блиц“ велат дека ова е само почеток.

– Ќе имате можност да ја видите Емина во многу попредизвикувачки креации. Она што можам да ви го кажам е дека за секоја наредна емисија веќе е подготвена комбинација и бидете сигурни дека секоја ќе биде посмела од претходната – вели нејзиниот портпарол Нинослав Продановиќ.

emina 2

Емина во втората емисија

– Ние навистина сериозно пристапуваме за секое нејзино јавно појавување бидејќи визуелниот момент е многу важен. Подгответе се за следната емисија во живо бидејќи ќе ве шокираме. Убаво, се разбира. Емина е многу убава и згодна жена, но се трудиме никогаш да не ја преминеме границата на добриот вкус. Важно ни е да е елегантна, но и да го истакнеме нејзиниот сексапил – вели нејзнината стилистка Тијана Тодоровиќ.

emina bel

Бела комбинација за третата емисија во живо

 

Емина во моментот со своите две синчиња и со сопругот, турската ѕвезда Мустафа Сандал, е на скијање и на краток одмор во Австрија.

emina avstrija

Емина во Австрија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top