Кошаркарската федерација на Република Македонија по повод промоција на кошаркарскиот куп кој ќе се одржи во Охрид 2014 година, на претставник од јавната установа Детски дом за деца без родители „11 Октомври“ му подари кошаркарски кош кој ќе биде поставен во дворот на Домот.
Директорот на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски, изјави дека парите за кошот биле собирани така што од секој купен билет на Кошаркарскиот куп 2013 се одделувале по 20 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.