| четврток, 6 декември 2018 |

Битола ќе гради стадион за 12.000 гледачи

stadion-bitola

Општина Битола ќе гради нов фудбалски стадион со капацитет за 12 илјади гледачи. Општината веќе склучи договор за изработка на проектна документација со фирмата „Мегарон инженеринг“ која за околу 100 илјади евра треба да го изработи проектот во рок од шест месеци.

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, уште лани ја најави идејата за изградба на нов фудбалски стадион кој ќе биде лоциран под Тумбе Кафе. Стадионот ќе има и други придружни објекти.

Целта за изградбата на стадионот, според битолскиот градоначалник, е Битола во иднина да се афирмира и на спортски план и да се врати во времето кога фудбалскиот и ракометниот клуб Пелистер, покрај тоа што доминирале на домашната сцена, бележеле добри резултати и на меѓународната сцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top