| четврток, 6 декември 2018 |

Што сѐ носи илузионистот Венизелос

Пос­лед­ни­те по­ра­ки од Со­фи­ја и од Ати­на не мо­же да не се раз­бе­рат ка­ко усог­ла­се­на ак­ци­ја на бу­гар­ска­та и на грч­ка­та дип­ло­ма­ти­ја околу ма­ке­дон­ски­те ин­те­гра­ции и за соп­ка­та на­ре­че­на „до­бро­со­седс­тво“. По си­те по­те­зи по кои на Ати­на се гле­да ка­ко на гла­вен со­пи­рач на европ­ско­то про­ши­ру­ва­ње, се­га таа ќе се оби­де да го на­пра­ви тоа што го знае нај­до­бро - да соз­да­де сли­ка дека е кон­стру­ктив­на

Фуд­бал­ско­то грч­ко-бу­гар­ско двој­но до­да­ва­ње Са­ма­рас – Ви­ге­нин – Ве­ни­зе­лос со кое грч­ка­та по­ли­ти­ка кон Ма­ке­до­ни­ја се оби­ду­ва да по­ен­ти­ра (чи­тај – да до­ка­же де­ка др­жа­ва­та е ло­шо­то мом­че на Бал­ка­нот) ни­ко­го не го из­не­на­ди. Пр­во грч­ки­от пре­ми­ер Ан­до­нис Са­ма­рас во Страз­бур, на пре­зе­ма­ње­то на пре­тсе­да­телс­тву­ва­ње­то на Гр­ци­ја со Европ­ска­та уни­ја, во по­лча­сов­но­то пре­зен­ти­ра­ње на при­о­ри­те­ти­те, за про­ши­ру­ва­ње­то и за Ма­ке­до­ни­ја од­вои не­це­ла ми­ну­та.

Не­кол­ку де­на по­доц­на ше­фот на бу­гар­ска­та дип­ло­ма­ти­ја, Кри­сти­јан Ви­ге­нин, пра­ти по­ра­ка де­ка Бу­га­ри­ја не мо­же да от­ста­пи од ба­ра­ње­то Уста­вот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја да не би­де ос­но­ва за ме­ша­ње во вна­треш­ни­те ра­бо­ти на Бу­га­ри­ја, по­ви­ку­вај­ќи се на чле­нот 49 во не­го.

– Не би са­кал да вле­гу­вам во де­та­ли, но тоа е ва­жен еле­мент на спо­год­ба­та за до­бро­со­сед­ски од­но­си за кои пре­го­ва­ра­ме – ела­бо­ри­рал бу­гар­ски­от ми­ни­сте­рот Ви­ге­нин за бу­гар­ски­те ме­ди­у­ми. Спо­ред не­го, тоа е ед­но од нај­чув­стви­тел­ни­те пра­ша­ња.

– Уста­вот не е и не мо­же да би­де ос­но­ва за ме­ша­ње во вна­треш­ни­те ра­бо­ти на Бу­га­ри­ја – ве­ли тој.

Отво­ра­ње­то на Уста­вот ка­ко те­ма бе­ше „во­леј“ за пр­ви­от чо­век на грч­ка­та дип­ло­ма­ти­ја, Еван­ге­лос Ве­ни­зе­лос. Два де­на по­доц­на, во Евро­пар­ла­мен­тот тој нај­а­ви по­се­та на Скоп­је со став де­ка бло­ка­да­та на Гр­ци­ја за име­то на др­жа­ва­та не е преч­ка за евро­ин­те­гра­ци­и­те, ту­ку не­ис­пол­не­ти ко­пен­ха­шки­те кри­те­ри­у­ми. Се­ка­ко, и „…фа­к­тот де­ка има офи­ци­јал­на др­жав­на иде­о­ло­ги­ја, фа­ктот де­ка по­сто­јат го­ле­ми отво­ре­ни пра­ша­ња со дру­ги др­жа­ви ка­ко Бу­га­ри­ја, те­ми што се по­вр­за­ни со вред­но­сти­те на ЕУ и кри­те­ри­у­ми­те што тре­ба да ги ис­пол­нат кан­ди­да­ти­те-др­жа­ви“, до­да­де тој пред евро­пра­те­ни­ци­те.

И по­втор­но, ка­ко и Ви­ге­нин, Ве­ни­зе­лос ја наг­ла­су­ва по­тре­ба­та од ме­ну­ва­ње на ма­ке­дон­ски­от Устав. За не­го е не­при­фат­ли­во да се има тврд став за про­ме­на на Уста­вот по­ра­ди про­це­сот за име­то би­деј­ќи, спо­ред не­го „пра­к­ти­ка на си­те член­ки на ЕУ е по­вре­ме­но да го ме­ну­ва­ат уста­вот за да се прис­по­со­бат кон европ­ско­то пра­во, кон од­лу­ки­те од Европ­ски­от суд за чо­ве­ко­ви пра­ва, со дру­ги збо­ро­ви, за да при­до­не­сат кон единс­тве­ни­от европ­ски уста­вен про­стор“.

Тоа што за­бо­ра­ва­ат и ед­ни­от и дру­ги­от е де­ка ни­ту Со­фи­ја ни­ту Ати­на не ги по­чи­ту­ва­ од­лу­ки­те што се од­не­су­ва­ат на европ­ско­то пра­во, осо­бе­но кон од­лу­ки­те на Европ­ски­от суд за чо­ве­ко­ви пра­ва, ка­ко и тоа де­ка и нај­ви­со­ки­те акти на две­те др­жа­ви го со­др­жат исти­от став.

По­се­та на мај­сто­ри­те за соз­да­ва­ње сли­ка за кон­стру­ктив­ност

Иа­ко на­ви­дум се чи­ни из­не­на­ду­вач­ки, бе­ше оче­ку­ва­но де­ка Ве­ни­зе­лос ќе дој­де во Скоп­је. Пра­кти­ка е се­кој пре­тсе­да­вач со Со­ве­тот на ЕУ да ги по­се­ту­ва си­те др­жа­ви­-ас­пи­ран­ти, без иск­лу­чок. Тоа го на­пра­ви и ки­пар­ска­та ми­ни­стер­ка Ера­то Ко­за­ку-Мар­ку­ли, иа­ко за пра­ша­ња­та во кои учес­тву­ва Гр­ци­ја Ни­ко­зи­ја се од­не­су­ва ка­ко „по­го­лем па­па од па­па­та“.

venizelos-2

Вто­ри­от мо­мент во оваа нај­а­ва е мно­гу по­би­тен. Ати­на, ко­ја по­дол­го вре­ме се од­не­су­ва не­за­ин­те­ре­си­ра­но за ре­ша­ва­ње на спо­рот, за што че­сто и се по­со­чу­ва од ме­ѓу­на­род­ни­от фа­ктор, се­га има мож­ност да оди­гра рол­ја за „Оскар“. Ова е до­бра мож­ност за Ати­на по сѐ по­че­сти­те по­со­чу­ва­ња со прст кон неа ка­ко кон ло­ши­от во про­це­сот ме­ѓу две­те др­жа­ви. Ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца не ги за­бо­ра­ва од­би­е­ни­те по­ка­ни од Скоп­је кон Ати­на за сред­би што би до­ве­ле до збли­жу­ва­ње на ста­во­ви­те, ка­ко ни­ту од­би­ва­ње­то за три­ла­те­рал­на сред­ба ЕУ – Ма­ке­до­ни­ја – Гр­ци­ја. Или пос­лед­ни­от обид, од­би­ва­ње­то на Са­ма­рас да учес­тву­ва со Гру­ев­ски на па­нел-ди­ску­си­ја за име­то, ко­ја би ја мо­де­ри­рал евро­ко­ме­са­рот Фи­ле.

На си­те тие по­те­зи по кои на Ати­на се гле­да ка­ко на гла­вен со­пи­рач на мож­ни­те прид­ви­жу­ва­ња на про­це­сот, се­га Гр­ци­ја ќе се оби­де да го на­пра­ви тоа што го знае нај­до­бро – да соз­да­де сли­ка дека е кон­стру­ктив­на.

Ќе се по­со­чу­ва де­ка ше­фот на дип­ло­ма­ти­ја­та бил во Скоп­је, де­ка без комп­ле­кси е раз­го­ва­ра­но за европ­ски­те ин­те­гра­ции, за до­бро­со­седс­тво­то и, се­ка­ко, за отво­ре­но­то пра­ша­ње ме­ѓу две­те стра­ни. Исто та­ка, ќе ги „зат­не“ европ­ски­те усти де­ка про­ши­ру­ва­ње­то, ка­ко ос­нов­на на­со­ка на Уни­ја­та, го не­ги­ра во це­лост.

И до­де­ка од ед­на стра­на ќе се по­ка­жу­ва кон­стру­ктив­ност, не­ма да се оста­ви про­стор до­ма, во кој би­ло мо­мент да се по­ка­же по­пуст­ли­вост – од­нос­но ќе се игра на кар­та­та де­ка Гр­ци­ја е Европ­ска­та уни­ја и де­ка стиг­на­ла сре­де Скоп­је да им по­ра­ча на скоп­ја­ни „но па­са­ран“. А ба­рем Ати­на е „це­ре­мо­ни­јал-мај­стор“ во Уни­ја­та за соз­да­ва­ње та­ква сли­ка без про­ме­на на по­ли­ти­ка­та.

venizelos-3

Членот 49 не е закана

Ста­вот на Ве­ни­зе­лос де­ка Скоп­је тре­ба да на­пра­ви устав­ни из­ме­ни заради евен­ту­ал­но­то ре­ше­ние за име­то, не е ни­што но­во. Ни­ту, пак, из­не­на­ду­ва, отка­ко ма­ке­дон­ски­от Устав се ­ме­нувал на ин­си­сти­ра­ње на Гр­ци­ја. Или, ка­ко што до­да­ва Ве­ни­зе­лос, устав­ни из­ме­ни по Рам­ков­ни­от до­го­вор.

Ба­ра­ње­то на Бу­га­ри­ја за устав­ни из­ме­ни, пак, од­нос­но чле­нот 49, кој го сме­та за ос­но­ва за ме­ша­ње во вна­треш­ни­те ра­бо­ти на Бу­га­ри­ја, всуш­ност е не­ос­но­ва­но. Во аманд­ма­нот два, кој ве­ли „Ре­пуб­ли­ка­та при­тоа не­ма да се ме­ша во су­ве­ре­ни­те пра­ва на дру­ги др­жа­ви и во нив­ни­те вна­треш­ни ра­бо­ти“ се на­до­вр­зу­ва на ста­вот 1 „Ре­пуб­ли­ка­та се гри­жи за по­лож­ба­та и за пра­ва­та на при­пад­ни­ци­те на ма­ке­дон­ски­от на­род во со­сед­ни­те зем­ји и за исе­ле­ни­ци­те од Ма­ке­до­ни­ја, го по­ма­га нив­ни­от кул­ту­рен раз­вој и ги уна­пре­ду­ва вр­ски­те со нив“, што, всуш­ност, го истак­ну­ва Со­фи­ја како главен проблем.

Ва­кви­те на­ста­пи на Бу­га­ри­ја, се­ка­ко, се пот­тик­на­ти од Ати­на. Ати­на ду­ри и е лу­та за ме­ко­ста на Со­фи­ја кон Ма­ке­до­ни­ја, што го по­ка­жу­ва и јав­но­то мис­ле­ње за сме­не­та кли­ма во Бугарија за ма­ке­дон­ски­те евро­ин­те­гра­ции. Во ме­ѓу­вре­ме, во ра­бот­ни­те гру­пи за до­го­вор за до­бро­со­седс­тво, ка­ко што се ве­лат од МНР, има прин­ци­пи­ел­ни и отво­ре­ни ди­ску­сии.

Што сѐ но­си по­се­та­та

Спо­ред упа­те­ни­те во овие европ­ски дип­ло­мат­ски актив­но­сти, по­се­та­та на пре­тсе­да­ва­чот на др­жа­ви­те-кан­ди­дат се слу­чу­ва на по­че­то­кот на ман­да­тот. Иа­ко за­се­га не­ма ни­ка­ква офи­ци­јал­на нај­а­ва или приб­ли­жен тер­мин за тоа, по­се­та­та на Ве­ни­зе­лос на Ма­ке­до­ни­ја би тре­ба­ло да се слу­чи нај­доц­на до 31 ју­ни.

Ве­ни­зе­лос ќе дој­де ка­ко пре­тсе­да­вач со Со­ве­тот на ЕУ, а се оче­ку­ва де­ка по­се­та­та би се ре­а­ли­зи­ра­ла во пр­ва­та по­ло­ви­на од пре­тсе­да­телс­тву­ва­ње­то на Гр­ци­ја со Уни­ја­та. Ка­ко до­ма­ќин на овие сред­би се ја­ву­ва ми­ни­сте­рот за над­во­реш­ни ра­бо­ти. Бро­јот и фор­ма­тот на сред­би­те за­ви­си од при­о­ри­те­ти­те и од вол­ја­та и на го­сти­нот и на зем­ја­та-до­ма­ќин.

Тоа што е се­га бит­но, наг­ла­су­ва­ат ма­ке­дон­ски дип­ло­ма­ти, е де­ка Ве­ни­зе­лос ќе ја иско­ри­сти сред­ба­та за по­е­ни и за сим­па­тии, кои ќе ги освои над­вор и од Ма­ке­до­ни­ја и од Гр­ци­ја. При­тоа, ќе се оби­де да ја иско­ри­сти се­ко­ја мож­ност за да ја прет­ста­ви Ма­ке­до­ни­ја ка­ко не­кон­стру­ктив­на и во про­це­сот на евро­ин­те­гра­ци­и­те, и во од­нос на под­го­тве­ност за по­че­ток на пре­го­во­ри­те, но и во од­нос на про­це­сот за име­то.

Та­ка, кон под­го­то­вки­те на оваа сред­ба ќе мо­ра да се при­ста­пи вни­ма­тел­но, од­нос­но, ка­ко што по­со­чу­ва­ат за „Ре­пуб­ли­ка“, „ќе мо­ра да се вни­ма­ва да не се да­де по­вод што би мо­жел на кој би­ло на­чин да се про­тол­ку­ва ка­ко про­во­ка­ци­ја што ќе се иско­ри­сти за оцр­ну­ва­ње или за ка­ква би­ло по­ткре­па на грч­ки­те твр­де­ња“. Од­нос­но, за вре­ме на по­се­та­та ќе мо­ра да се прет­ста­ви­ме „по­е­вроп­ски од Евро­пеј­ци­те“.

По­стои и вто­ра стра­на на оваа при­каз­на. Таа вле­че ко­ре­ни од не­о­дам­на, ко­га гер­ман­ска­та кан­це­лар­ка Ан­ге­ла Мер­кел, со уште не­до­о­фор­мен вла­дин ка­би­нет, го по­ви­ка по­сред­ни­кот во спо­рот за име­то, Мет­ју Ни­миц, а вед­наш по­тоа и грч­ки­от пре­ми­ер Ан­до­нис Са­ма­рас. Еви­ден­тен е, ве­лат искус­ни­те ана­ли­ти­ча­ри, не­до­сти­гот од ква­ли­тет­но со­оп­ште­ние од таа сред­ба. Тоа што е за­бе­леж­ли­во е де­ка до сред­ба­та дој­де отка­ко Мер­кел се за­поз­на со про­це­сот на пре­го­во­ри во ус­ло­ви на кри­за во Гр­ци­ја, ко­ја ја вле­че европ­ска­та еко­но­ми­ја на­до­лу, а, се­пак, на сво­јот нај­го­лем спон­зор му цр­та му­ста­ќи ка­ко на Хит­лер.

От­то­гаш се слу­чи­ја по­ве­ќе сред­би во бит­ни ме­ѓу­на­род­ни цен­три, но не со пре­ми­е­рот Са­ма­рас. За­тоа, пак, та­ка­на­ре­че­ни­от „по­мал брат“ на Гер­ма­ни­ја, Фран­ци­ја, и неј­зи­ни­от пре­тсе­да­тел Фран­соа Оланд, упа­ти­ја јас­на по­ра­ка де­ка проб­ле­мот за име­то прем­но­гу дол­го го бло­ки­ра и го комп­ли­ку­ва про­це­сот на ма­ке­дон­ски­те евро­ин­те­гра­ции. Уло­га­та на га­сач на по­жар ја пре­зе­де не­го­ви­от за­ме­ник, ше­фот на дип­ло­ма­ти­ја­та Ве­ни­зе­лос.

Не­о­дам­на Ве­ни­зе­лос во Ва­шин­гтон бе­ше при­мен од др­жав­ни­от се­кре­тар Џон Ке­ри, сред­ба на ко­ја се ди­ску­ти­ра­ше за те­ми што во­оп­што не се при­јат­ни за грч­ки­от шеф на дип­ло­ма­ти­ја­та. За те­ро­риз­мот, без­бед­нос­ни­те пра­ша­ња, Ки­пар, Бал­ка­нот и за Ма­ке­до­ни­ја. И од оваа сред­ба, ка­ко и од таа на Мер­кел со Са­ма­рас, про­из­ле­зе шту­ро со­оп­ште­ние.

Ду­ри и на­ста­пот на Ве­ни­зе­лос се­га, пред Ко­ми­те­тот за над­во­реш­ни ра­бо­ти во Евро­пар­ла­мен­тот, не­кои ана­ли­ти­ча­ри го гле­да­ат ка­ко „га­се­ње на по­жа­рот“ по на­ста­пот на ве­ќе обе­ле­жа­ни­от на­ци­о­на­лист Са­ма­рас. Та­ка, се ве­ли де­ка Ве­ни­зе­лос се­га ќе дој­де во Скоп­је за да го истр­пи „три­е­ње­то нос“ од ма­ке­дон­ски­от др­жа­вен врв за да го слуш­не се­то тоа што ни­ка­ко не са­ка да го слуш­не. И да за­ми­не со мал­ку по­ди­скри­ве­ни цр­ве­ни ли­нии.

(Пишува: Наум Стоилковски
Текст објавен во 73. број на неделникот „Република“, 24.01.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top