Во длабочината на езерото Никеја (Турците го нарекуваат Изник), во областа Прус, неодамна се откриени остатоци од еден христијански храм, кој според информациите потекнува од петтиот век.
Храмот се појавил на 20 метри од крајбрежјето на езерото. Се претпоставува дека потонал во езерото по еден земјотрес кој се случил во 740 година, што се совпаѓа со византиските извори.
Управникот на оделот за археологија на Универзитетот, д-р Мустафа Шахин, за ова откритие вели дека се работи за христијанскиот храм „Св. Петар“, од средновизантиски период.
Црквата е поставена во правец запад-исток, а висината на остатоците на ѕидовите се меѓу 1,5 и два метри. Храмот се наведува во византискиот „Каталог Никеја“ и во основа е базиличен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.