| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Кратово – изгоре домот на осумчлено семејство

Осумчленото семејство Николовски од Кратово остана без покрив над главата, откако утринава им изгоре семејната куќа. Пожарот избувнал во 5 часот во поткровјето, кога сите во домот спиеле, пренесува Сител.

Огнената стихија набргу го зафатила горниот кат од домот и целосно го уништил. За среќа, членовите на семејството, меѓу кои и две мали деца, спиеле на приземјето и минале без повреди. Набргу пристигнала и противпожарната единица и спречила уште поголема катастрофа.

– Не снајде несреќа, ни изгоре цела куќа и покуќнина. Ако има луѓа со добра волја, нека ни помогнат со градежен материјал. Ние сме осумчлено семејство, сите без работа – изјави Зоран Николовски.

Маката на ова семејство е уште поголема бидејќи живеат со 10.000 денари од пензијата на бабата, а сите други членови во семејството се невработени, но велат среќни се што сите се живи и здрави, а приоритет им е во најскоро време да го обноват покривот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top