
Почина 26 – годишниот Даниел Костов, кој пред три дена беше нападнат со метална клешта од 40 – годишен соселанец од селото Спанчево, пренесува Телма.
Костов им подлегнал на тешките повреди во скопскиот Клинички центар. Според сведоците причината за нападот била банална – го удрил со клештите, потоа го носел во брзата помош, велат очевидците.
Семејството Костови е револтирано затоа што 40- годишниот Г.Н. како што велат, го убил нивниот Даниел, а се уште е на слобода.
Даниел е татко на тригодишно дете. Пред да се случи трагичниот настан работел кај 40 – годишниот Г.Н., за кого веќе е поднесена кривична пријава за извршено кривично дело нанесување на тешка телесна повреда со смртни последици. Истражните органи работат на случајот. Во општина Чешиново-Облешево во рок од неколку дена ова е втор случај на насилна смрт, во неделата жена со метална цевка си го уби мажот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


