Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ објави повик за набавка на систем за автоматско лоцирање на возилата и на систем за електронска наплата во автобусите.
Со системот за автоматско лоцирање, граѓаните што го користат јавниот автобуски превоз ќе можат, на дисплеи на автобуските станици, да се информираат каде е во моментот автобусот што го чекаат и за колку време ќе пристигне на станицата.
Со истиот оглас ЈСП ќе набави и систем за електронска наплата во автобусите, кој се очекува да овозможи поефикасна наплата на билетите и побрз проток на патниците.
Договорот што ќе го склучи јавното претпријатие ќе биде со важност од 36 месеци, сметано од денот на потпишувањето. Рокот за доставување на понудите е до 28 февруари 2013, во 13 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


