Бројот на работниците во индустријата во 2013 година пораснал за 1,1 отсто во однос на претходната година, а во декември 2013 година е поголем за 2,5 проценти отколку во истиот месец од претходната година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците лани во декември во однос на истиот месец од 2012 година во секторот рударство и вадење камен бележи опаѓање од 0,2 отсто, во преработувачката индустрија има пораст од 3 отсто, додека во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација останал на исто ниво.
Според главните индустриски групи во декември 2013 година во однос на декември 2012 година пораст се бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 2,7 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 7,2 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 проценти. Опаѓање има кај енергија за 0,9 отсто, додека кај капитални производи индексот е на исто ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.