Владата на последната седница го продолжила рокот за легализација на дивоградбите и на терасите што се пренаменети во станбен простор.
Ова денеска на прес-конференција го соопшти Александар Георгиев, портпарол на Владата. Според него, рокот за легализација е продолжен до 31 декември 2015 година. Тој истакна дека ваквата одлука била донесена по направените анализи и консултации со граѓани и геодетски фирми.
Од вкупно 350.000 барања за легализација на дивоградби, досега се легализирани 90.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Истече рокот за комплетирање барања за легализација на дивоградби од 2011 и 2016
-
Oд Даљан до Костозглобна се формира цела нова населба од куќи и повеќекатници кои се градат без ни еден документ
-
Луд предлог на руски политичар пред СП 2018, да се легализира хулиганизмот!
-
Катастар: Да се продолжи рокот за изработка елаборати за дивоградби