Давид Бабунски беше утрово на тренинг со првиот тим на Барселона и имаше можност во полесен ритам да ги одмери силите со Меси, Нејмар и останатите мегаѕвезди од редовите на каталонскиот гигант. Тоа е практика кај Барса и кај големите клубови, на талентираните фудбалери од младинскиот погон или, како што е во случајот со Давид, од тимот Б, одвреме-навреме да им се даде шанса да тренираат со А-тимот.
„Одличен тренинг денеска со А-тимот на Барселона. Неверојатно е колку може да се научи од најголемите фудбалски ѕвезди на планетата“, напиша на „Фејсбук“ македонскиот репрезентативец.
Се очекуваше тој да биде повикан во поширокиот состав на Барселона за реваншниот дуел против Картагена, кој се играше на 17 декември во Кралскиот куп на Шпанија, но тоа не се случи.
Давид има 19 години, член е на Б-тимот на Барса и настапува во Втората лига на Шпанија.
Фото: fcbarcelona.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија