| четврток, 6 декември 2018 |

Штипјанец дома чувал речиси осум илјади петарди

petardi

Триесет и пет годишен штипјанец заработи кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР) бидејќи во неговиот дом биле пронајдени речиси осум илјади парчиња петарди.

На 25 декември 2013 година, во Штип полицијата извршила преглед во домот на М.Н.(35), каде што пронашле 7.748 парчиња петарди, кои за паричен износ од 21.000 денари ги набавил од непознато лице на Бит-пазар во Скопје.

М.Н.(35) доби кривична пријава за сторено кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top