Рокот за поднесување на елаборат за легализација на дивоградби е продолжен, па наместо до јуни оваа година, тој ќе трае, до 31.12.2015 година, информираше денеска владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев
Според него станува збор за ново законско решение кое што е испратено до Собранието, а се однесува на проширување на рокот за достава на елаборати.
Овие законски измени се направени со цел да им се излезе во пресрет на геодетските компании и граѓани.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, истакна дека кога станува збор за легализација на терасите, ќе бидат опфатени сите доградби изградени до трети март 2011-та година. Со законските измени, како што нагласи тој, ќе се допрецизира и постапката за легализација на подземната инфраструктура.
Од вкупно поднесени 350 илјади барања за легализација, досега се легализирани околу 90 илјади дивоградби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Истече рокот за комплетирање барања за легализација на дивоградби од 2011 и 2016
-
Oд Даљан до Костозглобна се формира цела нова населба од куќи и повеќекатници кои се градат без ни еден документ
-
Луд предлог на руски политичар пред СП 2018, да се легализира хулиганизмот!
-
Катастар: Да се продолжи рокот за изработка елаборати за дивоградби