Кинотеката на Македонија организира Вечер на француско филмско наследство во чии рамки ќе биде прикажан филмот „Армија на сенките“ од 1969 година на режисерот Жан Пјер Мелвил.
Проекцијата е во чест на претседателот на Меѓународната федерација на филмски архиви (ФИАФ), Ерик Лероа, кој е почесен гостин на Кинотеката по повод претстојниот 70. конгрес на ФИАФ што ќе се одржи во мај годинава во Скопје.
Лероа претходно ќе го претстави Францускиот филмски фонд.
Настанот ќе го отворат францускиот амбасадор Лоранс Оер и директорката на Кинотеката, Мими Ѓоргоска-Илиевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.